Бела куќа за Путин: Господинот има доста воени способности
Русија, без оглед на „тешкотиите“ во украинската кампања, има многу бројни и моќни вооружени сили кои може да ги ангажира, велат од Белата куќа.
Координаторот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, вели дека Русите се соочиле со многу проблеми во Украина што самите ги создале.
„Тоа е несомнено. Но, сепак е многу голема и исклучително моќна воена сила. Господинот (рускиот претседател Владимир Путин) има доста воени способности што може да се користат не само во Украина, туку потенцијално и на друго место“, рече тој на брифинг во Белата куќа.
Кирби потсети дека Министерството за одбрана ја карактеризира Русија како акутна закана и дека, според него, таквата формулација е точна.
„Очигледно е дека тие се уште имаат војска која е способна да нанесе голема штета“, заклучил Кирби, пренесува Спутник.