Актуелно

Германската влада го продаде својот удел во авиокомпанијата Луфтханза

Германската влада го продаде својот удел од 20 отсто во авиокомпанијата Луфтханза, купен за време на пандемијата на коронавирус, објавија официјални лица.

Државниот фонд за економска стабилизација, кој ја спаси компанијата од банкрот за време на пандемијата со пакет помош вреден девет милијарди евра, постепено го намали својот удел во Луфтханза.

Сега Фондот ги продаде последните преостанати акции на меѓународни инвеститори за 455 милиони евра, беше објавено синоќа, пренесува Ројтерс.

„Владиниот пакет помош успешно и помогна на оваа компанија во време на криза“, соопштуваат од Фондот.

На почеток