Коментар на денот: Овие кои предлагаа гасење на крстот на Водно предложија ли и мегафоните на минарињата да се заменат со акустика
Генералниот секретар на партијата БЕСА, Арјанит Хоџа, побара да се исклучи остветлувањето на Милениумскиот крст на врвот на Водно по примерот на Париз каде тамошните власти го намалија оствелувањето на Ајфеловата кула.
– Во Париз се носи одлука за намалување на осветлувањето на Ајфеловата кула, со што се заштедуваат непотребните трошоци за електрична енергија особено во периодот на енергетската криза која започна и се очекува да се продлабочи оваа зима. Наместо нашите лидери да ни кажат како се користи електрична енергија во домаќинствата, јавно предлагам да почнат да се штеди и да го прекинат непотребното осветлување кај Милениумскиот крст на Водно – напиша Хоџа на Фејсбук.
На ова реагираа граѓаните, а меѓу нив беше и Богдан Илиевски, познат како Бетмен Велит.
„Овие кои предлагаа гасење на светилките на крстот на Водно предложија ли и мегафоните на минарињата да се заменат со акустика? Да штедиме рамномерно де“, вели тој.