Свет

(ВИДЕО) Лукашенко цепи дрва: „Ќе делиме дрва за огрев со Европа“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во видео објавено денеска вети дека ќе „подели“ огревно дрво со Европа.

Тој би го направил тоа со цел, како што рече, да и помогне на Европа да ја издржи претстојната сурова зима.

Тој вети дека нема да стои настрана и „да дозволи Европа да умре од студот“, пренесува ТАС С.

На каналот Телеграм близок до прес-службата на белорускиот лидер денеска се појави видео од Лукашенко со споменатата изјава.

На видеото, Лукашенко со секира во рака почна да цепи дрва во дворот на селскиот имот со бизнисменот Сергеј Тетерин.

„Ајде пријателе! Спречете ја Европа да умре од студ. Да им помогнеме на нашите браќа, тие можеби ќе ни подадат рака и ќе ни помогнат за возврат еден ден“, рече Лукашенко во видеото.

Лукашенко рече дека би сакал помош во вид на огревно дрво да биде достапна пред се за обичните европски домаќинства.

„Треба да размислиме како ова огревно дрво да им биде достапно на селаните и тамошните семејства кои припаѓаат на работничката класа, а не на големите бизнис-тајкуни“, вели белорускиот претседател.

„Исто така, од клучно значење е да се осигураме дека полските (претседателот Анджеј) Дуда и (премиерот Матеуш) Моравјецки се на топло. Тие се наши соседи, нели? Можеби ќе се вразумат“, рече Лукашенко.

На почеток