Свет

Зеленски го откри приоритетот на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека системите за противвоздушна одбрана се приоритет за неговата земја.

На заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Киев, Зеленски истакна дека Украина се уште не добила позитивен одговор од Израел во врска со можното купување на противвоздушни системи, пренесува Ројтерс.

Тој изјави дека системите за противвоздушна одбрана ветени од Германија и САД се уште не се пристигнати во Украина.

Фон дер Лајен рече дека ЕУ треба да стори што е можно повеќе за да и обезбеди на Украина „повеќе работни места и повеќе приходи“.

Таа истакна дека е импресионирана од брзината со која Украина напредува во напорите да стане членка на Европската унија.

На почеток