Актуелно

Макрон: „Сакам спроведувањето на реформите во пензискиот систем да започне од следното лето“

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека владата ќе спроведе план за реформа на пензискиот систем.

Макрон во обраќањето пред претставниците на локалната власт рече дека тоа ќе биде направено преку „консултации“ и барање „компромис“.

Францускиот претседател рече дека од следното лето сака да започне со спроведување на реформите во пензискиот систем, чија клучна точка е прогресивното зголемување на старосната граница за пензионирање на 65 години.

На почеток