Скопје

Учениците во Карпош без ужинка поради урбаната мафија, не се носи одлука зошто не им гласаме ДУП, сведочи Вељановски

Роберт Вељановски, член на Советот на Општина Карпош посочува: „Поради интересите на урбаната мафија, учениците од основните училишта во Карпош останаа без ужинка“.

Тој додава дека со вчерашното напуштање на продолжението на XIV Седница на Советот на општина Карпош, советниците на СДСМ ја официјализирале новата коалиција со градоначалникот на Карпош.

„Им честитаме! Причината за напуштањето на седницата е немањето мнозинство за изгласување на ДУП З 09 или познат како ДУП за Млечен. На донесувањето на овој ДУП остро се спротивставуваат советничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Независни за Карпош. За сметка на урбаната мафија, на карпошани им се ускратени одлуки за (ги издвојуваме најважните):

– Субвенционирање на ужинки за учениците во општинските основни училишта на општина Карпош за месеците септември, октомври, ноември и декември а учебната 2022/2023.
– Давање согласност за промена на корисникот на електрични броила од Општина Карпош на основните училишта на територијата на општина Карпош.
– Одобрување на финансиски средства за награди за полуматурантите-првенци на генерација од општинските основни училишта на територијата на општина Карпош за учебната 2021/2022.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ опстојува на предизборните заложби од програмата со која добивме доверба од граѓаните на Карпош!“, напиша Вељановски.

На почеток