Доњецк: Дописник од Венецуела е повреден во украинско гранатирање
Од
Објавено на
Дописник на венецуелската телевизија ТелеСУР е повреден кога украинската армија денеска го гранатираше квартот Ворошилов во центарот на Доњецк, соопшти штабот на територијалната одбрана на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР).
„Меѓу повредените е и дописник на телевизијата ТелеСУР, маж роден 1954 година“, соопштија од централата на каналот Телеграм, пренесе ТАС С.
Како што соопштија од штабот, во гранатирањето на квартот Ворошиловски загинале четири лица, а осум се повредени.