Свет

Лавров пристигна во Њујорк

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров денеска пристигна во Њујорк, каде што треба да учествува на 77. сесија на Генералното собрание на ОН.

Според Тасс, авионот со Лавров летал на северна рута, заобиколувајќи ги, како што велат, „непријателските земји“.

Руската агенција не прецизира за кои земји се мисли, но наведува дека летот траел 12 часа.

На почеток