Блогер по грешка доби 250 илјади долари од ИТ гигант
Сем Кари се шокирал кога видел дека неговата сметка е поголема за 250 илјади долари, а дека плаќачот е Гугл.
Тој добил неочекувана исплата од Google, но не разбрал зошто.
Кари е инженер кој ја тестира безбедноста и ранливоста во софтверот на бројни компании, меѓу кои и Гугл, но за американските медиуми изјави дека не направил никаква нова работа за таа компанија, особено не работа за која би добил 250.000 долари. Google, како и други компании, често нудат награди за пронаоѓање на пропусти во нивниот софтвер, но најчесто наградите се неколку илјади, а не стотици илјади долари.
Бидејќи не ги заработил тие пари, веднаш се јавил во Гугл, а парите не ги потрошил, туку ги задржал за да и ги врати на компанијата. Сепак, како што напиша на Твитер минатата недела, поминале околу три недели од неочекуваната уплата, а Google не го контактирал со информации како да ги врати парите. На таа социјална мрежа тој објави скриншот од уплатата и напиша дека е во ред доколку Гугл не ги сака парите назад.
It's been a little over 3 weeks since Google randomly sent me $249,999 and I still haven't heard anything on the support ticket. Is there any way we could get in touch @Google?
(it's OK if you don't want it back…) pic.twitter.com/t6f7v5erli
— Sam Curry (@samwcyo) September 14, 2022
Новинарите го контактирале и Гугл, а од компанијата потврдиле дека неодамна платиле пари на погрешна личност, нагласувајќи дека исплатата е поради човечка грешка и дека работат на решавање на проблемот.