Гутереш: Нема индикации дека конфликтот во Украина наскоро ќе заврши
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изјави дека нема индикации дека конфликтот во Украина наскоро ќе заврши.
„Војната на Русија во Украина не покажува знаци на стивнување. Последните случувања се опасни и вознемирувачки. Ова се понатамошни чекори од какви било перспективи за мир“ – рече Гутереш, пренесе ТАСС.
Тој ги повика државите да ја повторат својата посветеност, да не користат нуклеарно оружје и целосно да го напуштат.
„Како што кажав од почетокот, оваа бесмислена војна има безграничен потенцијал да нанесе голема штета на Украина, но и на целиот свет. Помислата за нуклеарен конфликт, незамислив до неодамна, стана предмет на дебата. Тоа е апсолутно неприфатливо. Сите нуклеарни сили треба повторно да се обврзат да не користат нуклеарно оружје и да го уништат“ додаде тој.
Гутереш рече дека се надева оти Русија и Украина ќе ја продолжат размената на затвореници.
„Вчерашната вест дека меѓу Украина и Русија се разменети повеќе од 250 воени заробеници е добар развој на настаните. Ги поздравувам напорите на двете страни и се надевам дека тие ќе бидат изградени врз основа на „сите за сите“ – рече Гутереш.