Актуелно

Не сме подготвени да го принудиме унгарскиот народ да плати цена на војна за која таа апсолутно не е одговорна, вели Сијарто

Унгарија не гледа причина да продолжи со усвојувањето на новиот пакет санкции против Русија.

Ова го изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто по разговорот со неговиот руски колега Сергеј Лавров, пренесува ТАСС.

„Нашата позиција е кристално јасна. Не гледаме никаква рационална причина да одиме на уште еден пакет санкции, особено кога станува збор за енергијата. Енергијата е јасна црвена линија за нас. Не сме подготвени да го принудиме унгарскиот народ да плати цена на војна за која таа апсолутно не е одговорна“, изјави унгарскиот министер за новинарите, пренесува ТАСС.

Орбан објасни каков ќе биде ефектот од укинувањето на санкциите

„Се разбира, доколку се предложи нацрт, ќе учествуваме во дискусијата, но нема да се согласиме на ништо што е против нашиот национален интерес“, додаде унгарскиот министер.

Според него, европската економија „оди во рецесија“.

„Мислам дека тоа е целосно против интересите на Европа и Европејците“, нагласи Сијарто.

Министрите за надворешни работи на членките на Европската унија се согласија во средата на неформалниот вонреден состанок во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН, да продолжат со новите санкции против Русија и давање помош за Украина, објави високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, неколку часа откако рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација.

На почеток