„Во здравство да воведат термин и за кај Кајшаров“, „Нека ми ги истера демоните од струјомерон“, твитер врие по веста „истерувањето демони“
Социјалните мрежи „вријат“ откако самопрогласениот исцелувач Константин Тино Кајшаров го најави својот настан во Скопје, претстојната сабота.
Имено, во неговата обајава на Фејсбук се наведува дека оваа сабота во Скопје од 18 часот ќе организира „ослободување од демони, од проклетства и маѓии“. Каде не е познато, но има оставено телефонски број на кој секој заинтересиран може да се пријави, а овој перформанс е бесплатен.
Ова се дел од коментарите
Во здравство не е лошо да воведат термин и за кај Кајшаров.
— Томче (@Tomche29) September 22, 2022
Треба да идам кај тој кајшаров да го повратам демонот на симитот пошо цел ден ме мачи душа ми извади од киселини
— aлисa у вондeрлeнд (@IamAliceMadness) September 22, 2022
Цела држава е за чистење кај Кајшаров.
— Man (@goranman2) September 22, 2022
…Ме збунивте сега, за каде да фаќам ред и врски побрзо за кај Кајшаров или за кај Иван Исцелител?
Аман од стресови пред спиење… pic.twitter.com/PP1msu2fKo
— Пуфка Царица Милица (@PufkaM) September 20, 2022
Ама дека Кајшаров бил магистер по клиничка и советодавна психологија 🤦
— KatttP. (@KatttP) September 23, 2022
Ми се иде кај Кајшаров да ми истеруе ѓаоли низ уста а притоа некое стринуле да ме дава лајв на фејсбук
— Лев Каур (@bojankuk) September 23, 2022