Свет

Конфликтот во Украина може да ескалира во Трета светска војна, вели Трамп

Конфликтот во Украина може да ескалира во Трета светска војна, предупреди во средата поранешниот американски претседател Доналд Трамп, откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Москва ќе ги искористи сите неопходни средства за да се одбрани од заканите за нејзиниот територијален интегритет, пренесува RT.

Трамп на социјалната мрежа Truth Social рече дека конфликтот во Украина „никогаш не требаше да се случи“, а тоа немаше да се случи доколку тој беше во Белата куќа, бидејќи тогаш немаше да избијат непријателствата меѓу Москва и Киев.

За потсетување, рускиот претседател Владимир Путин во средата најави мобилизација на околу 300.000 воени резервисти кои ќе бидат повикани на активна служба.

Рускиот лидер, исто така, предупреди дека Москва „ќе ги искористи сите средства за да го заштити (нашиот) народ“, вклучително и нуклеарно оружје доколку е потребно.

На почеток