Актуелно

Лукашенко: Демократијата и правото се илузија на Западот, таму се се решава со пари

Демократијата и правото се илузија на Западот, таму во пракса се се решава со пари, изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

„Мислевме дека има демократија, англиски закон и судови. Таму нема закон. Кој плаќа, тој одлучува. Тоа е закон за сите времиња. Ќе ви го запленат имотот, како што направија со рускиот имот и ќе заборават што е тоа право и приватна сопственост“, вели Лукашенко, пренесува агенцијата Белта.

Според него, Западот е многу разновиден, така што има работи кои и Белорусија треба да ги преземе од западните земји.

„Германците нè обвинуваат за тоа што имаме диктатура. Нема таква диктатура во поредокот како што постои во Германија. Се сеќавам дека членовите на Сорос ме прашаа: „Вие, господине претседателе, дојдовте на млад на власт, што би сакале и од кого да преземете?’ Реков од Германците и од Швеѓаните. Тогаш знаев за шведската социјална програма, за грижа на стари и слично. А од Германците би го преземал редот. Таму има вистинска диктатура! А сега таму се некои луѓе како Шолц и други, како некои лидери? Нема политика, нема агенда. Тоа што сега се случува во Германија е страшно“, заклучи белорускиот претседател.

На почеток