Свет

„Русија знае дека последиците ќе бидат тешки доколку употреби нуклеарно оружје“, вели Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска испрати предупредување до рускиот претседател Владимир Путин.

Во своето телевизиско обраќање до нацијата во средата, Путин се закани со можна употреба на нуклеарно оружје.

„Русија знае дека последиците ќе бидат тешки доколку употреби нуклеарно оружје во Украина“, изјави Столтенберг во интервју за Си-Ен-Ен.

„Тие го знаат тоа. Нема да објаснам точно како ќе реагираме, зависи од тоа какво оружје за масовно уништување би можел да употреби“, изјави генералниот секретар на НАТО.

„Јасно ги испраќаме овие пораки и им даваме до знаење дека тоа не треба да се случи. Поентата е дека веројатноста за употреба на нуклеарно оружје е сè уште мала, но последиците би биле толку големи што мораме да го сфатиме сериозно. Таа реторика, тие закани кои Путин упорно ги изнесува, ги зголемуваат тензиите и се опасни“, заклучи шефот на НАТО.

На почеток