Свет

Заклучок на комисијата на ОН: Русите извршиле воени злосторства

Претседателот на независната истражна комисија за Украина, Ерик Мозе денеска изјави дека е констатирано оти во Украина се извршени воени злосторства.

Наведено е дека до ваков заклучок е донесен врз основа на докази собрани во четири региони на таа земја.

„Врз основа на доказите што ги собра, Комисијата заклучи дека во Украина се извршени воени злосторства“, рече Мозе во Советот за човекови права на ОН во Женева, пренесе Ројтерс.

Неговото обраќање следеше по истрагите спроведени во Киев, Чернихив, Харков и Суми, каде што Комисијата посети 27 места и разговараше со повеќе од 150 сведоци и жртви на насилство, наведува британската агенција.

Независната комисија беше формирана од Советот за човекови права на ОН во март, поради наводите за злосторства извршени во Украина од 24 февруари, кога Русија започна воена операција во таа земја.

На почеток