Актуелно

„Србија нема да гласа за исклучување на Русија од Советот за безбедност на ОН“, вели Вучиќ

Претседателот на Србија рече дека е речиси сигурен оти Западот ќе се обиде да ја исклучи Русија од Советот за безбедност на ОН.

„Србија нема да гласа за такво нешто, за ограничување на правото на вето или за исклучување на Русија. Таму немаме дилема. За тоа им треба двотретинско мнозинство. Може да се повикаат и на фактот дека Русија не е правен наследник на СССР. Но, мислам дека има член од Законот 108, за кој гледам дека се подготвуваат да се повикаат. Тоа би било рушење на меѓународниот правен поредок. За една од тие одлуки, треба Кина да остане воздржана. Господ знае што можат да направат. Тоа не е ниту далеку ниту невозможно. Тоа би било катастрофа за нас. Поради КиМ, секако“, истакна тој.

На почеток