Актуелно

Кирби: Нема да дозволиме да добијат нуклеарно оружје

Членот на Советот за безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека САД нема да дозволат Иран да добие нуклеарно оружје.

САД нема да дозволат Иран да се здобие со нуклеарно оружје и продолжуваат да ги гледаат дипломатијата и преговорите како најдобар начин да ја постигне својата цел.

Ова го изјави координаторот за стратешки комуникации во Националниот совет за безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, во интервју за „Фокс њуз“.

„Пред само неколку недели мислевме дека сме малку поблиску до враќање во договорот“, додаде Кирби.

Кирби појасни дека Вашингтон се уште ги гледа дипломатијата и преговорите како најдобар начин за постигнување договор со Техеран.

На почеток