Страшна сообраќајка кај Мостар, загина цело семејство


Четири лица загинаа, а четворица се тешко повредени, од кои едно се здоби со повреди опасни по живот, е епилогот од страшната несреќа што се случи синоќа на автопатот М-17 во местото Буна – Затон, јужно од Мостар.
Потврдено е дека Б.К. (35), М.К. (34) и Р.К. (9) кои биле во автомобилот „рено“ и М.П. (46) од автомобил „БМВ“, пренесува Српскаинфо.
За жал, жртвите од „Рено“ се сопруг, сопруга и дете, пренесува Аваз.
Околностите за оваа страшна несреќа се уште се утврдуваат. Наредени се сите неопходни мерки и дејствија.
Истрагата што ја спровеле припадниците на полициската управа во Мостар, која ја водел дежурниот кантонален обвинител, траела повеќе од пет часа, а повеќе информации ќе се знаат подоцна.
