Свет

Пристигнаа првите резултати од референдумот во Запорожје

На првиот ден од референдумот во областа Запорожје, 93 отсто од оние кои учествуваа во гласањето се определиле за приклучување на регионот кон Руската Федерација, објави Кримскиот републички институт за политички и социолошки истражувања, пренесува денеска ТАСС.

На првиот ден од референдумот, 23 септември, гласаа 500 жители, 93 отсто од нив се одлучија за приклучување на регионот Запорожје кон Русија, а 7 отсто беа за регионот да остане дел од Украина, соопшти институтот.

Во самопрогласените Доњецк и Лугански народни републики (ДНР, ЛНР) и во регионите Херсон и Запорожје, контролирани од Русија, референдумите за приклучување кон Русија започнаа на 23 септември и ќе траат до 27 септември.

На почеток