Киргистан и Таџикистан потпишаа протокол за прекин на вооружените конфликти
Киргистан и Таџикистан потпишаа протокол за прекин на вооружените конфликти на заедничката граница.
Одлуката ја соопшти вицепремиерот на Киргистан и шеф на Државниот комитет за национална безбедност Камчибек Ташиев.
„Потпишан е протокол за прекин на конфликтот со таџикистанската страна“, рече тој, додавајќи дека се надева дека страните строго ќе ги почитуваат неговите одредби. Шефот на Државниот комитет за национална безбедност на Таџикистан Сајмумин Јатимов го потпиша протоколот во име на таџикистанската страна.
„Од овој ден е воспоставен мир. Жителите кои ги напуштија своите домови можат да се вратат“, рече Ташијев, а пренесе ТАС С. Тој додаде дека властите ќе им помогнат на бегалците да се вратат дома.
Тензиите ескалираа на 14 септември, кога киргистанските и таџикистанските сили разменија оган по граничен спор. Киргистан во јавноста извести за 62 загинати и околу 200 ранети.