Свет

Белорусија воведе забрана за извоз на жито

Властите на Белорусија воведоа забрана за извоз на жито во следните шест месеци, почнувајќи од сабота, според уредбата на Советот на министри на Белорусија.

Уредбата беше објавена на веб-страницата на администрацијата на Белорусија.

На листата се наоѓаат 19 производи, меѓу кои пченица, ‘рж, јачмен, пченка, просо, хељда, овес и други житарки, пренесува Капитал.

Привремената забрана ќе важи во следните шест месеци.

На почеток