Трка на пијани возачи e причината за сообраќајката во која загина цело семејство
Тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа во близина на Мостар, во која четири лица загинаа, а четворица се тешко повредени, настанала поради прекумерно консумирање алкохол и трки со автомобили, дознава Klix.ba.
Информациите на медиумот се дека херцеговскиот бизнисмен Мате Приморац кој управувал БМВ, загинал додека се враќал од крштевка со пријател. БМВ-то и мерцедесот се тркале, а кај возачот на мерцедесот по несреќата биле измерени 2,5 промили алкохол во крвта.
Колку брзо возеле најдобро покажува глетката на автомобилите кои по несреќата беа целосно опустошени.
Возеле од правец на Мостар кон Чапљина, а во градот Буна-Затон во близина на каналите убија цело семејство кое патувало од спротивниот правец.
Во несреќата во автомобилот „рено сценик“ загина брачниот пар Крстиќ од Мостар, со деветгодишниот син, додека нивната тригодишна ќерка се здобила со повреди, а за неа се борат лекарите во мостарската болница.
Со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците од возилото „бмв“ Љ.М.(1987), Р.В.(1977) и К.Ј.(1998).