Актуелно

„Западот кој ја поддржа независноста на Косово и Метохија, применува двојни стандарди“, вели претставник на Русија во ОН

Специјалната воена операција на Русија во Украина немаше да биде неопходна доколку Западот го принудеше Киев да ги почитува човековите права. Ова го изјави постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја на седницата на Советот за безбедност.

Небензја рече дека специјалната операција немаше да биде неопходна доколку Украина ги почитуваше основните човекови права, а пред се правото на живот.

„Западот, кој ја поддржа еднострано прогласената независност на Косово и Метохија, применува двојни стандарди кога станува збор за референдуми во Доњецката Народна Република, Луганската Народна Република и регионите Херсон и Запорожје“, посочи Небензја.

Тој потсети дека Западот инсистирал Косово и Метохија да има право да се отцепи од државата Србија, бидејќи наводно ги крши правата на Албанците.

На почеток