Актуелно

Колективниот Запад се однесува предаторски на глобалниот пазар на храна, вели Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави дека жетвата на жито во Русија ќе достигне рекордно ниво.

Тој оцени и дека санкциите за извоз на руско жито и ѓубрива може да доведат до глобална прехранбена криза, за што, како што вели, е виновен колективниот Запад.

„Продолжуваме да се соочуваме со тешкотии во извозот на житарки и ѓубрива“, рече Путин на состанокот посветен на сезонската земјоделска работа, пренесува Тас.

Според него, „санкциите против Русија се закануваат дополнително да ја влошат ситуацијата, што ќе доведе до глобална прехранбена криза, кон која светот се движи веќе неколку години“.

„Тоа нема никаква врска со руската специјална воена операција во Донбас. Тоа е резултат на финансиската и прехранбената политика усвоена од некои водечки земји. Таканаречениот колективен Запад секако е целосно виновен за тоа“, додаде Путин.

Рускиот претседател изјави и дека жетвата на жито во земјата оваа година би можела да достигне рекордни 150 милиони тони, вклучувајќи 100 милиони тони пченица.

„Според експертите, жетвата на жито би можела да изнесува 150 милиони тони. Рековме прво 140 милиони тони, подоцна 145, па 147, а сега прелиминарната проценка е 150 милиони тони и околу 100 милиони тони пченица, што ќе биде рекорден резултат“, нагласи Путин.

Колективниот Запад се однесува предаторски на глобалниот пазар на храна, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот посветен на напредокот на сезонските земјоделски работи.

Тој истакна дека цените на храната на светскиот пазар се враќаат на нивоата од почетокот на годината, а во исто време се за 40 отсто повисоки од 2020 година, пренесува агенцијата Тасс.

„А тоа, без никакво претерување, е директна последица на предаторската политика на најбогатите земји, кои активно продолжуваат да купуваат храна“, нагласи Путин.

Шефот на руската држава привлече внимание на фактот дека во вториот квартал од оваа година увозот на храна во САД достигна годишно ниво од 218,6 милијарди долари наспроти 185,1 милијарди долари една година порано.

„Важно е да се напомене дека обемот на американскиот увоз го надминува извозот за 22,3 милијарди долари. Во претходните години нивниот извоз беше повеќе од увозот, што значи дека денес САД увезуваат повеќе храна од светските пазари отколку што продаваат“, заклучи Путин.

На почеток