Македонија

Меркел: Решение на спорот за името е историска шанса

Германската канцеларка Ангела Меркел со оптимизам гледа на договорот за решавање на спорот за името.

Решението на спорот за името е историска шанса, изјави денеска во Берлин портпаролот на германската влада, Штефен Зајберт. Еден ден пред патувањето на германската канцеларка во Грција, Зајберт нагласи дека Ангела Меркел е оптимист во врска со можното решение на спорот за името.

Ова е вторпат во период од неколку дена официјален Берлин да се изјасни околу Договорот од Преспа и надминувањето на спорот помеѓу Македонија и Грција. На владината прес-конференција пред неколку дена, заменикот портпарол на Владата, Мартина Фиц на прашање на Дојче веле рече дека смета оти канцеларката Меркел за спорот за името ќе разговара со грчките претставници во Атина. Таа додаде дека германската влада го поздравува договорот за решение на спорот и дека се надева оти со него може да биде надминат деценискиот спор.

На почеток