„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Xiaomi Civi 2 наликува на iPhone 14 Pro поради еден детал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Fds4433WIAAC6Ii

Вчера Xiaomi претстави копија од iPhone 14 Pro во Кина.

— реклама —

Пилулата која се наоѓа на горниот дел од екранот на овој телефон крие две предни камери.

Двете камери имаат сензори од 32 MP. Главниот сензор има поддршка за AF и отвор од f / 2.0, додека вториот е ултра широк сензор за групни селфи фотографии и нуди видно поле од 100 степени.

— реклама —

https://twitter.com/TheGalox_/status/1574915046777438210?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1574915046777438210%7Ctwgr%5E0ffa8eaa5829c26767235d4fea87ef8702f55cc0%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Ftehnopolis%2Fgadgets%2Fxiaomi-civi-2-podseca-na-iphone-14-pro-zbog-jednog-detalja-2220084

Civi 2 е првиот паметен телефон од Xiaomi кој има преден LED блиц. Овој блиц всушност има четири LED диоди, а Xiaomi вели дека може да дава реални бои во различни средини.

Екранот на телефонот е 6,55 инчи, Full HD+ резолуција. Стапката на освежување на екранот е 120 Hz. Екранот поддржува Dolby Vision, HDR10+ и DCI-P3 опсег на бои.

На задната страна, телефонот има правоаголен исечок во кој се наоѓа главниот сензор за камера од 50MP f/1.8 Sony IMX766, ултра широк сензор од 20MP со видно поле од 115 степени и макро сензор од 2MP f/2.4.

Под капакот на телефонот се крие батерија со капацитет од 4500mAh со поддршка за брзо полнење од 67W.

Xiaomi Civi 2 e со Qualcomm Snapdragon 7 Gen 1 и доаѓа во три конфигурации на меморија - 8/128 GB, 8/256 GB и 12/256 GB.

Ќе биде достапен во четири бои – бела, розова, сина и црна, а почетната цена на телефонот Xiaomi Civi 2 во Кина е 2.399 CNY, што е околу 350 евра.

Xiaomi не објави детали за меѓународната достапност, но постои можност телефонот да пристигне на глобално ниво под друго име или бренд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

toskovski

Ако преминувате улица и зборувате на телефон, чекајте казна - ова се новините во законот кој се менува

Македонија | пред 3 месеци

Nokia-Shadow

Нокиа има нов телефон кој можете сами да го поправите

Магазин | пред 2 години

redmi12

Redmi 12 наскоро во Европа, еве како изгледа

Магазин | пред 2 години

xiaomi-13-ultra

Xiaomi откри кога ќе го лансира својот најмоќен телефон на глобално ниво

Магазин | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања