Скандал во словенечката репрезентација: „Како можеш да бидеш толку глуп“
Во јавноста протекоа фотографиите на кои се гледа како словенечкиот репрезентативец Бенјамин Вербич поминува време во друштво на непознати девојки.
Сето ова наводно се случило меѓу два натпревари на Словенија во Лигата на нации.
Словенечките медиуми јавуваат дека фотографиите и снимките во јавноста ги објавила сопругата на Вербиќ, Алвина.
„Срање луѓе, срам да ви е. Да се забавувате на паузата на репрезентацијата е нормално, но само ако сте опкружени со нормални луѓе. Навистина не ми е јасно како може да бидеш толку глуп“, напиша таа, а нејзините зборови ги објави рускиот портал „Спорт експрес“.
Подоцна зборуваше и Вербич.
„Сликите и видеата ги објави мојата поранешна партнерка, мајка на моето дете. Објавениот материјал е многу стар. Се што напишала е чиста лага“, изјави Вербиќ.
Вербиќ моментално ги брани боите на Панатинаикос.
За репрезентацијата одигра 45 натпревари и постигна пет гола.