Свет

Никарагва ги прекина дипломатските односи со Холандија: Навредени сме

Никарагва ги прекина дипломатските односи со Холандија, соопшти Министерството за надворешни работи на оваа централноамериканска земја.

Владата на Никарагва ја донесе оваа одлука во петокот затоа што една „интервенционистичка и неоколонијална“ европска земја „ги навреди и продолжува да ги навредува семејствата од Никарагва“, се вели во соопштението на Министерството.

Претходно оваа недела, официјални лица од Никарагва го прогласија амбасадорот на Европската унија „персона нон грата“ и најавија дека земјата нема да го прифати новиот американски амбасадор, откако ги критикуваа властите во Никарагва, зголемувајќи ги тензиите меѓу претседателот Даниел Ортега и меѓународната заедница. Ројтерс.

На почеток