Засилени контроли низ цела Македонија, 161 возач добија казни
Од
Објавено на
Во текот на вчерашниот ден (02.10.2022) во периодот од 14.00 до 19.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 161 возач. Од нив, 71 на територијата на СВР Тетово, 23 на територија на СВР Битола…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.