Путин ме измами, вели претседателот на Австрија
Претседателот на Австрија, кој се кандидира за нов мандат, Александар ван дер Белен, призна дека било грешка што не се диверзифицирале изворите на гас.
Тој истакна и дека дозволил рускиот претседател Владимир Путин да го измами, како што го измамил целиот свет.
Ван дер Белен во интервју за телевизија „Пулс24“ беше прашан за претходните изјави дека е лесно да се разговара со Путин, тој објасни дека е лесно да се разговара со него бидејќи зборувал на германски и дека за време на посетата бил заинтересиран во неговата семејна историја, која е поврзана со Русија.
„Или тој планираше колонијалистичка агресивна војна дури и тогаш или се промени во изминатите години. Секако не е важно што, верувам дека Путин ме измами мене, како што го измами целиот свет“, објасни тој.
Во врска со се почестите критики за санкциите, Ван дер Белен рече дека сега не е време да се размислува за нивно прекинување.
„Овие санкции се ужасно штетни за Русија, а војната во Украина исто така влезе во фаза каде што е јасно дека Путин очигледно погрешно ја процени ситуацијата. На почетокот сигурно мислеше дека брзо ќе го освои Киев, а сега е бележи загуби. Ситуацијата дополнително ја влоши „делумната мобилизација во Русија, поради која стотици илјади млади луѓе бегаат од земјата. Путин направи грешки во низа прашања. Не ми е јасно што прави руската разузнавачка служба, или можеби Путин не и верува“, рече тој.
Ван дер Белен подвлече дека ако Европа сега покаже слабост, подоцна ќе плати уште поголема цена. „Бидејќи тој има империјалистичка визија, единственото прашање е која ќе биде следната жртва на Путин“, предупреди тој.
Кога станува збор за зависноста на Австрија од рускиот гас и изјавата дадена во 2018 година за време на посетата на Путин на Австрија за „добро искуство“ со гасот од Русија, Ван дер Белен рече дека направил грешка со тоа што му верувал на рускиот гас.
„Во тој поглед, одлуките на ОМВ не беа политички туку комерцијални, што исто така го разбрав. Ако имате деловен партнер со кој сте имале добро искуство повеќе од 50 години, кој нуди добар и поевтин гас од конкуренцијата, тогаш мислите дека ќе бараат нови извори. Таквото размислување беше грешка што ја направив, типична грешка на економистот. Недиверзификацијата беше тешка грешка“, подвлече тој.