Свет

Северна Кореја истрела балистичка ракета

Северна Кореја истрела балистичка ракета во правец на источниот брег, соопшти Генералштабот на армијата на Јужна Кореја.

Последното лансирање уследи по заедничките воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД и враќањето на американски носач на авиони во регионот, пренесува Ројтерс.

Денешното лансирање е шесто во последните 12 дена и прво од минатиот вторник, кога Северна Кореја истрела ракета со среден дострел над Јапонија.

На почеток