Свет

Хрватска го запре увозот на руска нафта во Србија преку Јанаф

Земјите-членки на ЕУ вчера гласаа за осмиот пакет санкции против Русија, овојпат со цел ограничување на цената на нафтата што Русија ја извезува во трети земји надвор од ЕУ.

На инсистирање на Хрватска, на чело со премиерот на таа земја, Андреј Пленковиќ, во тој пакет ќе биде вклучена и Србија, бидејќи веќе нема да може да увезува руска нафта преку Јанаф.

И покрај тоа што предлогот на Европската комисија предвидуваше исклучок од кој ќе има корист Србија, а се однесува и на јадранскиот нафтовод (Јанафа), Хрватска и уште неколку земји-членки се погрижија дел од предлогот да не помине бидејќи беше заклучено дека нема оправдување за тоа.

„И покрај тоа што предлогот на Европската комисија предвидуваше исклучок од кој Србија ќе профитира, а во однос на Јадранскиот нафтовод (Јанафа), Хрватска и уште неколку земји-членки се погрижија дел од предлогот да не помине бидејќи беше заклучено дека нема оправдување за тоа“, пишуваат хрватските медиуми.

Тоа практично значи дека Србија ќе мора да плати скапа нафта поради Хрватска и овој потег.

На почеток