Коментари

Сепак можело: Татко ми се превртува во гроб, “Цар Борис Трети” може и сега да се забрани

Татко ми се превртува во гроб.
Цел живот го посвети на борбата против фашизмот и еве го истиот тој фашизам на голема врата поддржан од држава која е членка на ЕУ. Мислам дека е крајно време ЕУ да си ги преиспита принципите, вели професорката Мирјана Најчевска.

“Според постоечките закони во Македонија именувањето на здружение со име на историска личност зависи од одлуката на Министерството за правда.

Според членот 7 од Законот за здруженија и фондации:
“…
(4) За прашањата за името кои не се уредени со овој закон се применуваат одредбите од законот со кој се уредува име на фирма на трговско друштво.“

Бидејки во овој закон не е регулирана употребата на имиња на историски личности се применува Законот за трговски друѓтва.

Според членот 49 од Законот за трговски друштва:
“…
Во фирмата може да се внесе име и презиме на историска и друга позната личност само со согласност на личноста, или, ако е почината, со согласност на нејзините сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.“, додава таа.

На почеток