Коментари

Коментар на денот: На семејствата на кои им понудив работа, а не прифатија, без разлика на причината, во иднина нема да им помагам

Корисник на фејсбук објави статус во кој вели дека повеќе нема да им помага на семејствата кои немаат храна, оти ниту една жена на која и била понудена работа не прифатила.

„Есента започна, не очекува долга и студена зима. Секојдневно слушаме, читаме, гледаме дека ќе е СТРАШНО.

Мене веќе почнаа да ми пишуваат и да се јавуваат семејства кои немаат храна. Очекувам дека нивниот број ќе е голем, а оние кои бараат, тоа ќе го прават се почесто.
Што сакам да кажам…

Дел од семејствата ме бараа за храна и во текот на летото. На сите им понудив работа и солидна плата. Ниту една жена од тие семејства не дојде ни на разговор, не па да прифати работа. Работа им понудив речиси и на сите жени-мајки-девојки од семејствата на кои речиси секојдневно им помагав. Не прифати ниту ЕДНА. Изговори различни, не навлегував во нив.

Поентата е јасна, ако ја има, не ја пишувам, секој/а нека си ја дефинира.

Но едно ќе кажам: на овие семејства на кои им понудив работа, а не прифатија, без разлика на причината, во иднина НЕМА да им помагам.

Нема да трчам деноноќно за да обезбедувам намирници, за барем привремено еднаш месечно да им доставам гајбенца со прехранбени производи, нема да обезбедувам комплет оброци, па барем два пати во месецот да им обезбедам комплетен оброк, нема да го трошам моето слободно време за да ги обезбедувам овие семејства со празнични задоволства… При здрави-прави сопруги, мајки, сестри, да седиш дома и да одбиеш работа, осигурување и плата, а да молиш за едно парче леб…тоа веќе НЕ!!!

Продолжувам со мојата добротворна работа, но на начин кој јас го одредувам…секако со ваша поддршка која многу значи.

Лека ем мека“, стои во објавата.

На почеток