Свет

„Иако имаше жестока украинска офанзива, знаевме дека руските сили ќе возвратат“, вели Вучиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ по свеченото пуштање во употреба на патот Нови Пазар – Тутин одговори на новинарско прашање.

По тој повод тој се осврна на моменталната ескалација на војната во Украина.

Зборувајќи за посилни конфликти во Украина, Вучиќ вели дека најавил што ќе се случи.

„Иако имаше жестока украинска офанзива, знаевме дека руските сили ќе возвратат. Нема да коментирам за тоа“, рече Вучиќ.

„Потсетувам дека Украина е главен извозник на струја. Ако Украинците не извезуваат струја, ќе се појави нерамнотежа на целиот европски пазар“, нагласи тој.

Брзаме да обезбедиме дополнителни количества гас за да имаме сигурност. Зимава ќе има целосен хаос“, заклучи претседателот на Србија.

На почеток