(ВИДЕО) Страшно: Додека се движел по мостот, во негова близина паднал проектил
Неколку експлозии утрово го потресоа главниот град на Украина, Киев, јави „Украински њуз“ кој на Твитер објави видео од облак во облик на печурка, дури четири експлозии се пријавени во центарот на градот.
Снимки од црн чад што се издига над Киев ги преплавија социјалните мрежи.
Едно видео кое кружи на интернет покажува лице кое поминува преку пешачки мост до споменикот на Киевската арка на слободата додека ракета ја погодува областа веднаш до мостот. Може да се види и како отпадот од експлозијата паѓа врз тоа лице, кое се засолнило покрај оградата, а потоа побегнало. Според „The Guardian“, се уште не е можно самостојно да се потврди автентичноста на снимката.
A morning walk by the Kyiv arch pic.twitter.com/re0vxfNRGn
— Alec Luhn (@ASLuhn) October 10, 2022
„Одговор на експлозијата на мостот на Крим – Русија удри во сводот на слободата на украинскиот народ и неговиот пешачки мост. Некако кажува се“, напиша новинарот Алек Лун со видеото на „Твитер“, додавајќи дека во нападот во Киев загинале осум лица.
Лакот на слободата на украинскиот народ е споменик отворен на 7 ноември 1982 година, по повод 60-годишнината од СССР и 1.500-годишнината од Киев. Скулптурата под лакот, која претставува Украинец и руски работник како стојат заедно, беше демонтирана во април оваа година поради руската инвазија на Украина.