(ВИДЕО) Запалени автомобили, скршени стакла и аларм во центарот на Киев, пристигнуваат и извештаи за напади на други градови во Украина
Руска ракета наводно паднала на градска улица во Киев во близина на споменикот на Хрушчов. Ова утрово на својот Телеграм го изјави Антон Герашченко, висок украински советник на министерот за внатрешни работи.
Украинскиот претставник Олексеј Гончаренко додаде дека една ракета паднала „точно во центарот на градот“.
„Автомобилите горат, а стаклата на куќите искршени. Има мртви“, објави тој утрово на Твитер.
Kyiv Center 10.10.2022 Rocket Strike #Ukraine #UkraineRussianWar #Kyiv pic.twitter.com/P6HZCdWO5A
— vaidoo (@vaidoo767) October 10, 2022
Во Киев пред околу половина час се слушнаа неколку нови експлозии.
Виталиј Кличко им порача на оние во Киев да останат во засолништа утрово додека сирените продолжија по „неколку експлозии“.
A girl was recording a video message in #Kyiv and was hit by an explosive wave. pic.twitter.com/LJIX5iDmWK
— NEXTA (@nexta_tv) October 10, 2022
– Главниот град го нападнаа руски терористи! Ракети погодија згради во центарот на градот. Воздушната тревога, а со тоа и заканата, продолжува. Апелирам до сите жители на главниот град: останете во засолништа. Ако нема итна потреба, подобро е да не се оди денеска во град – најави тој.
„Околу пет лица загинаа во рускиот напад на Киев“, изјави Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, кој исто така истакна дека во нападите се повредени 12 лица.
Според некои извори има најмалку осум загинати, додека бројот на повредени е над 20.
Исто така, има извештаи за експлозии во неколку градови низ Украина, па освен во Киев, како мети на социјалните мрежи и каналите Телеграм се споменуваат и Харков, Лавов, Житомир, Хмелницки, Днипро и Тернопил.
President #Zelenskyy published a video of today's attack on #Kyiv. pic.twitter.com/pOEZyOrKLW
— NEXTA (@nexta_tv) October 10, 2022
Прекини на струја беа пријавени во понеделникот во западниот украински град Лавов, по експлозија „во критична инфраструктурна установа“, објави на Telegram градоначалникот на Лавов, Андриј Садови.
„Дел од градот е без струја. Третина од семафорите не работат. Поради недостиг на струја, привремено е прекината работата на градските термоцентрали. Затоа во моментов не се обезбедува топла вода“, напиша тој.
Тој додаде дека се започнати резервни генератори на неколку пумпни станици за да се врати водоснабдувањето.
Садовиј ги повика жителите да останат во засолништа.
Градоначалникот Андриј Садовји на Телеграм објави дека во Лавов се слушнале експлозии и ги предупреди жителите да се засолнат. Во исто време, Виталиј Ким, гувернерот на Николаев, објави дека неговиот регион е подложен на втор бран на лансирање ракети.
Тој на Телеграм објави дека училиштата денеска ќе бидат затворени, а наставата ќе се одржува од далечина. Тој рече и дека има привремени прекини во мобилните комуникации.