Плусинфо: Пропагандната машинерија на власта има краток фитиљ, како еден инфуенсер успеа да разоружа цела чета


Веќе цели два дена, повеќето највлијателни владини мегафони на социјалните мрежи без престан го обвинуваат инфлуенсерот Божидар Божиновски дека е алкохоличар, бидејќи, како што „аргументираат“, на секоја втора фотографија на Фејсбук позирал со пиво во раката, пишува Плусинфо.мк
Моќната владина пропагандистичка машинерија викендов ги запали моторите и со сите сили, без претходно утврдени правила на игра, удри по инфлуенсерот Божидар Божиновски.
Првиот контранапад Божиновски го изврши во саботата, кога најави дека во наредниот период ќе ги разоткрие сите владини „ботови“ кои со години наназад преку лажни или „кодирани“ профили на социјалните мрежи ја шират владината пропаганда и вршат синхронизирани напади врз политички неистомисленици.
Прв на списокот се најде провладиниот активист Боби Илиевски, а со целосно име и презиме беше објавен и сопственикот на Твитер налогот „Сплинтер“, за кого Божидар тврди дека е главниот пропагандист на експремиерот Зоран Заев и на Бугарите. Фотографија и податоци беа објавени и за Твитер профилот наречен „Цене“, а на листата се отвори место и за братот на новинарот Сашо Ордановски, за Влатко Васиљ, за Валон Керими, за Рубин Иваноски, за Никола Наумовски – Никса…
Ваквиот негов потег дополнително ја разлути власта, па сите партиски ботови на социјалните мрежи очигледно во исто време добиле наредба за јуриш, односно за синхронизирано „тролање“ на „палавиот“ Божидар.
Целиот текст можете да го прочитате тука
