Макрон на итен состанок, донесени се нови мерки за воена поддршка на Украина
Од
Објавено на
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа одржа итен состанок за Украина по серијата руски напади, велејќи дека природата на војната се променила.
„Намерните напади на Русија на целата територија на Украина и против цивилите се длабока промена во природата на оваа војна“, рече Макрон вчера за време на посетата на Мајен, во северозападна Франција.
Од Елисејската палата потврдија дека е одржан состанок со воени и дипломатски советници.
На средбата е донесена одлука за „нови мерки за воена поддршка на Украина“, како и за задоволување на потребите на населението на Украина.