Бајден: „На Русија ќе и биде доставена сметка“
Од
Објавено на
Американскиот претседател Џозеф Бајден му вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Вашингтон ќе и обезбеди на Украина напредни воздушни системи.
Во понеделникот, во телефонски разговор со Зеленски, Бајден изрази уверување за континуираната поддршка на САД и ги осуди руските „бесмислени напади“ кои погодија цивилни цели, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс.
Американскиот претседател му рекол на Зеленски дека САД и нивните сојузници и партнери ќе продолжат да „ја доставуваат сметката до Русија“, сметајќи ја одговорна за воени и други злосторства и обезбедувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош за Украина, соопшти Белата куќа.