САД: Полицаец рани тинејџер, па доби отказ
Полицаец во американската сојузна држава Тексас е отпуштен откако застрелал и ранил тинејџер на паркинг на Мекдоналдс, јавува Би-Би-Си.
Полицијата во градот Сан Антонио соопшти дека полицаецот Џејмс Бренанд пристигнал во ресторанот за брза храна откако добил пријава за можно нарушување.
Полицаецот се посомневал дека автомобилот во кој 17-годишникот јадел со пријател, е возилото што му побегнало претходната вечер. Потоа ја отворил вратата од возилото, а момчето го поместило автомобилот и го удрило полицаецот со вратата, јавува Би-Би-Си. Полицаецот потоа пукал неколку пати во правец на возилото и го ранил момчето, кое потоа со тешки повреди било пренесено во болница, изјави неговиот адвокат.