Аца Лукас излезе од болница: „Не грижете се“
Од
Објавено на
Пејачот Аца Лукас вчера итно бил хоспитализиран, но синоќа откако лекарите ги направиле сите потребни анализи бил пуштен дома.
Да потсетиме, пејачот се пожалил на стомачни болки и бил примен како итен случај.
Медиумите шпекулираа дека проблемот настанал од преголем замор, а пејачот во меѓувреме се јавил од болница и рекол дека е добро.
Како што дознава Телеграф, откако лекарите во Клиничкиот центар ги направиле сите потребни анализи, било констатирано дека пејачот имал труење со храна, поради што имал силни стомачни болки.
„Не грижете се за мене, се чувствувам одлично“, кратко изјави Аца Лукас.