Аца Лукас на одмор со неговата бивша жена
Српскиот пејач Аца Лукас е на одмор со неговата бивша жена, со која се разведе пред пет години. Тие решиле заедничкиот одмор да го поминат во Турција, а одлуката ја направиле поради нивната ќерка Викторија.
Пејачот во изјава за српски Информер вели дека иако се заедно на одмор, не спијат во ист кревет. Ова не е прв одмор на поранешниот брачен пар, тие и претходните години одеа заедно на летување.
Лукас открива дека во тие неколку дена додека се на одмор често се карале, посебно кога зборуваат за заедничкото минато. Иако на почетокот чудно се чувствувал што одат заедно на одмор, сега вели дека се помирил со тоа.
Навикнат да летува со бившата жена, но луѓето околу него не можат да веруваат дека тие двајца функционираат на тој начин, иако се разведени. Пејачот вели дека не му е важно што мислат другите.
„Не сакам никому ништо да објаснувам. Секој нека си мисли што сака на свој начин. Имам одличен однос со Соња, но не одам на заеднички патувања поради неа, туку поради нашата ќерка, Викторија ја сакам најмногу на светот и ќе направам сè за неа. Среќен сум кога гледам колку е таа среќна и весела кога сме заедно“, изјавил пејачот.