Tеророт е единственото нешто што му преостанува на Путин, вели поранешен руски министер
Андреј Козирев, поранешен министер за надворешни работи на Русија, денеска за Си-Ен-Ен изјави дека „теророт е единственото нешто што му преостанува“ на рускиот претседател Владимир Путин.
Путин ги нареди вчерашните и денешните масовни ракетни напади врз Украина „затоа што е очаен и затоа што погрешно процени сè“, рече Козирев, кој смета дека Путин направил „три големи грешки“.
„Прво, тој мислеше дека може да ја победи Украина за два или три дена. Второ, дека САД и Западот нема да им помогнат на Украинците. И трето, тој и донесе војна на Русија со прогласување мобилизација“, тврди Козирев.
„Тој е очаен и сега се враќа на она што секогаш го прави – заплашување, односно закани со нуклеарно оружје, кое нема да го користи и терористички акции во Украина и Русија“, изјави поранешниот шеф на руската дипломатија.
Козирев објасни и зошто мисли дека Путин нема да нареди употреба на нуклеарно оружје.
„Тој е човек, не сака да се самоубие со стратешко нуклеарно оружје“, рече Козирев,пренесе Индекс.хр.