Ракетниот напад врз Украина е показател дека војната не оди според планираното, вели Столтенберг
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека, во случај Владимир Путин да победи во руско-украинската војна, тоа ќе биде пораз, не само за Украина, туку „за сите нас“.
„Украина е во добар моментум и има способност да постигне значителен напредок. Русија прибегнува кон ужасни напади врз цивили и клучна инфраструктура. Путин пропаѓа во Украина. Вчерашниот ракетен напад врз Украина и неговите неодамнешни потези претставуваат најголема ескалација на конфликтот од почетокот на војната, знак на слабост, показател дека војната не оди според планираното“, рече Столтенберг на прес-конференција пред дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО.
Генералниот секретар на НАТО посочи дека НАТО не е дел од конфликтот, но дека клучна улога има поддршката на Алијансата за Украина,пренесе Танјуг.