Коментари

Монти Пајтон: Сите известуваат дека Груби му го држел чадорот на Таче, а молчат дека е уништена плочата со имињата на борците од НОБ

Саше Јанчев – член на Централниот Комитет на Левица и Советник во Општина Гевгелија на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека сите медиуми известуваат дека Груби му го држел чадорот на Таче, а молчат дека е уништена плочата со имињата на борците од НОБ.

„Телма вести денес не информираа дека Димитриевски сам си го држел чадорот, а на Таче Груби му го држел. Он најмногу одговарал оти седел меѓу двајцата.
Гратис инфо:
Од споменикот во Куманово фали мермерна плоча на која стоеле имиња на дваесетина борци од НОБ.
Монти Пајтон вода да носи со дупната кофа“, вели тој.

На почеток