Свет

Зеленски нема намера да преговара со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска повтори дека нема намера да преговара со Владимир Путин. Но, интересно е што ја остави отворена вратата за преговори во случај Путин повеќе да не биде руски претседател.

„Мораме да го признаеме очигледниот факт: не може да има преговори со овој руски лидер, кој нема иднина“, рече Зеленски.

„Може да има преговори со некој друг лидер на Русија, кој ќе ја почитува Повелбата на ОН и основните принципи на хуманост и територијален интегритет на Украина. Можеби во некоја друга конфигурација, во која главниот терорист нема да има можност да влијае на клучните одлуки преку тероризам“, рече украинскиот претседател.

„Само едно лице го блокира мирот. Таа личност е во Москва“, рече Зеленски,пренесе Индекс.хр.

На почеток