Актуелно

Во Брисел почнува состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО

Во Брисел денеска почнува дводневен состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО.

Ова ќе биде прв состанок на министрите за одбрана по самитот на НАТО во Мадрид во јуни и прв на кој ќе присуствуваат Финска и Шведска како земји поканети да се приклучат на Алијансата.

Како што е најавено, министрите за одбрана и началниците за одбрана од речиси 50 земји ќе разговараат за војната во Украина и, како што рекоа, ќе продолжат со блиска координација за да му се обезбедат на украинскиот народ потребните средства за одбрана на својата суверена територија.

Министрите ќе разговараат и за спроведувањето на одлуките донесени во Мадрид и ќе дадат насоки за понатамошни активности.

Програмата на министерската конференција вклучува состанок на Контакт групата за одбрана на Украина, додека за четврток е закажан состанок на Групата на НАТО за нуклеарно планирање.

Ќе се одржат серија брифинзи за работењето на западната воена алијанса на теренот и за тоа како тие гледаат на плановите и проекциите во иднина, вклучувајќи два за Украина и три за Западен Балкан.

Во текот на првиот ден од министерскиот состанок ќе се одржи брифинг за „Актуелните настани на украинското бојно поле“ и за „помошта на НАТО за Украина“, како и за ангажманот на НАТО во Косово и Метохија.

Во четврток ќе се одржат брифинзи за „Односите на НАТО со Босна и Херцеговина“, а последниот за „Односите на НАТО со Србија“.

На почеток